L’Oreal направи паметна четка за коса што го анализира квалитетот на влакното

23

loreal

Kérastase, бренд на L’Oreal, направи паметна четка за коса, Hair Coach, која ја анализира состојбата на косата и предлага продукти за нега.

Четката има микрофон што го снима четкањето и детектира дали влакното е суво, кршливо, распукано. Вградените сензори следат дали косата се четка сува или мокра, а се мерат и силата со која се четка и бројот на четкања.

Преку Wi-Fi и Bluetooth, податоците се пренесуваат до апликацијата, која пак преку алгоритамот развиен од L’Oreal, ја дава здравствената состојба на косата.

Врз основа на податоците, апликацијата предлага какви производи на Kérastase да се користат и дава опција веднаш да се нарачаат онлајн.

Четката ќе почне да се продава подоцна оваа година. Цената не е точно определена, но се очекува да биде под 200 долари, пишува Fortune.

Француската компанија ќе ја претстави четката на CES 2017 што неделава ќе се одржи во Лас Вегас.