La Compagnie – авиокомпанија што нуди само бизнис летови

68

luksuz-avioni-biznis-klasa-99La Compagnie е авиокомпанија чии летови се наменети за патниците со подлабок џеб. Предноста на ваквите летови е тоа што постојат само добри места во авионот, услугата е одлична и цените се малку пониски во однос на бизнис класата во останатите авиони.

Француската авиокомпанијата сообраќа на релацијата Лондон – Париз – Њујорк, а директната линија  од Лондон до Њујорк чини 1.549 евра.

Аионот што се користи за летовите е Boeing 757-200, а патниците се сместени во 74 седишта коишто можат целосно да се спуштат во лежечка позиција.

За менито се грижи францускиот готвач Кристоф Лангри, кој претходно работел во хотелот Матигон каде се наоѓа резиденцијата на францускиот премиер.

Исто така, францускиот козметички бренд Caudalie на патниците им обезбедува пакети со нивните производи.

La Compagnie очекува дека главните клиенти ќе бидат бизнисмените, но и оние кои одат на шопинг и сакаат да искусат еден ваков луксузен лет.

luksuz-avioni-biznis-klasa (1)luksuz-avioni-biznis-klasa (2)luksuz-avioni-biznis-klasa (4)