Швајцарската компанија La Prairie, специјализирана за производство на висококвалитени креми и лосиони за кожа, следниот месец ќе претстави нова линија на производи за млади.
Нејзините производи досега беа првично наменети за кожа што старее, односно за повозрасните. Сепак компанијата одлучи дека е време да допре до помладата генерација, со тоа што ќе обезбеди одлична нега со крема во чиј состав има кавијар.
Новиот производ Skin Caviar Luxe Cream Sheer ќе биде достапен низ целиот свет, а едно пакување од 48 грама ќе чини 430 долари.