Lacoste – елеганција, удобност и препознатливост во целиот свет

123

header

Фото: Lacoste

Денес успешен и познат бренд, особено во светот на спортот. Нема кој не го препознава зелениот крокодил на поло маички, облека и додатоци на Lacoste.

Брендот е синоним за успешност, елеганција и безвременски стил. Приказната започна сосема случајно од еден облог и досетлив тенисер. Главниот “виновник” за успешната приказна, Рене Лакост, е роден во Париз во далечната 1904 година.

Во 1926 и 1927 година бил најдобар тенисер на светот. За време на својата кариера, освоил седум Гренд Слем турнири, но цело време има проблем со облеката којашто е неудобна за некој кој треба да трча по топката со саати. Долгата кошула и пантолони, како и вратоврската биле едноставно премногу.
lacoste-926858_960_720

Фото: Pixabay

Раѓањето на брендот започнува за време на еден натпревар каде што Рене не успева да победи. Сепак, поради неговата издржливост на теренот, го добива прекар Alligator, за кратко потоа да побара од пријател да му го извезе токму тоа животно на белиот блејзер што секогаш го носел пред натпревар.

Во 1927 година, Рене самиот креираше памучни кошули за сопствена употреба, коишто беа удобни и идеални против потење. Токму тие кошули беа почеток на империјата и брендот Lacoste.

Шест години подоцна, во 1933 година Рене заедно со Андре Жилие, претседател на најголемата компанија за текстил во Франција, ја основаше La Chemise Lacoste. Крокодилот стана заштитен знак на секој производ и симбол на елеганција и квалитет. За прв пат лого на бренд беше видливо на алиштата.

Во меѓувреме, Рене ја дизајнира и машината за исфрлање на топчиња, којашто денес ја произведува Dunlop, и ја пишува и својата прва книга Tennis во којашто наведува практични совети.
16684002_10155020533027421_3975437206990478621_n

Фото: Lacoste
Од успешен тенисер Рене станува успешен претприемач и дизајнер. Во 1961 година по децениска работа конечно го претставува својот изум – рекет за тенис направен од челик којшто значително ја подобрува ефикасноста и овозможува подобро балансирање на тежината.

Освен тоа, Рене патентираше уште неколку производи и работеше на подобрување на топчињата и терените за голф. Умира во 1996 година на 92-годишна возраст.

Светски познат бренд

Логото на крокодилот денес е присутно на многу производи. Машка и женска облека, облека за деца, чевли, додатоци, парфеми, очила за сонце, чанти, часовници…

Компанијата моментално вработува над 1.500 работници, а од 2012 година Lacoste е во сопственост на шведската компанија Maus Frères.