Лагард: 2021-ва ќе биде година на закрепнување

30

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека очекува 2021 година да биде “година на закрепнување“ на еврозоната.

“Очекуваме трендот на закрепнување да се забрза во средината на годината, дури и ако трае неизвесноста околу вакцинацијата“, рече Лагард во интервју за Le Journal du Dimanche.

И покрај тоа, ЕУ нема да забележи враќање на предпандемските нивоа на економска активност пред средината на 2022 година.

Европските официјални лица претходно изјавија дека заздравувањето на еврозоната од коронавирус не е запрено, туку само се забавува.

Фото: Facebook