Лагард го заменува Драги на чело на ЕЦБ

49

Фото: Facebook

Челницата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард застанува на чело на Европската централна банка (ЕЦБ), пишува Reuters.

Лагард застанува зад оваа европска финансиска институција на први ноември, заменувајќи го нејзиниот претходник Марио Драги.

Таа е прва жена што застанува на оваа челна позиција, а своето седиште од Вашингтон го менува во Франкфурт, каде што ќе биде задолжена за водење на монетарната политика во евро зоната. Според Драги, овие 19 земји членки имаат голема потреба од помош, најверојатно во форма на пониски каматни стапки и слично.

Инаку, Кристин Лагард е родена на први јануари 1956 година во Париз. Од петти јули 2011 година е генерален директор на ММФ, а пред тоа беше министерка за економски работи, финансии и индустрија на Франција, како и министерка за земјоделие и рибарство и министерка за трговија. Лагард беше прва жена која станала министер за економски работи во земји членки на групата Г8 и прва жена генерален директор на ММФ.