Лагард ја повика Европа на „чекорење кон независност“ поради најавените царини од САД

Трговскиот конфликт, поттикнат од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да поттикне “од кон независност” на Европа, изјави денес првата дама на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

“Тој (Трамп) тоа во САД го нарекува „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е од кон независност”, истакна Лагард за радиото „Франс Интер“, квалификувајќи ја ситуацијата како “егзистенцијален момент за Европа”.

Трамп вчера соопшти дека на 2 април, како што го именува “Ден на ослободување”, ќе го претстави комплетниот план за имплементација на тарифи, со кој ќе бидат зафатени сите држави, а не само одбрана група од 10 до 15 земји.

“За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме”, потенцираше Лагард, додека Европската Унија го подготвува одговорот на американските давачки.

Според ЕЦБ, еврозоната би можела да регистрира намалување на Бруто домашниот производ (БДП) за 0,3 проценти како резултат на трговската војна на американскиот претседател и за 0,5 проценти во случај на европска реакција, во првата година од примената на овие мерки.

“Трговската војна создава само губитници”, заклучи Лагард.