Лагард: На еврозоната не ѝ се заканува рецесија, состојбата со инфлацијата се развива во вистинска насока

145

На еврозоната не ѝ се заканува рецесија, а ситуацијата со инфлацијата се развива во вистинска насока, изјави претседателката на Европската банка (ЕЦБ) Кристин Лагард на прес-конференција по одлуката за намалување на референтната каматна стапка за 25 базични поени до 3,25 отсто.

Една земја-членка на еврозоната, поточно Германија, се соочува со тешки околности, но тоа не значи дека целата еврозона е погодена на ист начин, изјави Лагард.

„Врз основа на информациите што ги имаме во моментов, не гледаме рецесија во еврозоната“, додаде претседателот на Европската централна банка, пренесе Блумберг.

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) вчера одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што каматната стапка на депозитите сега е 3,25 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 3,40 отсто, а каматната стапка на маргиналната кредитна линија 3,65 отсто.

Добиените информации покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на добар пат“, се наведува во соопштението, а овие зборови ги потврди и Лагард, која прецизираше дека сите показатели за инфлацијата се движат во добра насока.

Дали завршивме со инфлацијата? Сè уште не. Дали сме во процес на ставање крај на инфлацијата? Да“, истакна претседателот на ЕЦБ.

Еврото значително падна во однос на доларот по одлуката за каматна стапка.