Ламборџини распродаден до крајот на 2023 година

158

Бројките што ги објави Lamborghini покажуваат дека нема криза за сегментот на луксузни автомобили. Во првите шест месеци од годинава се испорачани 5.090 автомобили.

Lamborghini се продава подобро од било кога. Во првите шест месеци од 2022 година, производителот испорача 5.090 автомобили. Ова е најдобриот период во историјата на брендот. Најважни пазари се САД и Кина, пишува Б92.

Од Lamborghini велат дека ако го нарачате автомобилот сега, ќе ви биде испорачан за година и половина, а периодот на чекање наскоро би можел да биде значително подолг.

Италијанскиот производител најави и некои новитети. Најпрво ќе биде освежена палетата на теренци на Urus, која сочинува 61 отсто од продажбата.