Land Rover лансира нов Defender V8 Bond Edition

55

Со својот нов специјален модел Defender V8 наречен Bond Edition, Land Rover го прославува своето партнерство со Џејмс Бонд франшизата и појавувањето во новиот No Time To Die филм.

Компанијата Land Rover го одбележува своето учество во најновиот Џејмс Бонд филм „No Time To Die“ со специјална верзија на својот Defender модел кој му оддава почит на најпознатиот шпион на светот. Ограничен на само 300 примероци, Land Rover Defender V8 Bond Edition е достапен во конфигурација 110 или 90 и е инспириран од возилата кои се појавуваат во престојниот филм. Со својот притаен изглед благодарение на целосно црниот финиш, Bond Edition ги комбинира Extended Black Pack со 22-инчните Luna Gloss Black тркала од лесна легура и препознатливите Xenon Blue предни шапи на сопирачките.

Покрај црниот екстериер, овој SUV исто така добива и Defender 007 беџ на задниот ден, осветлени плочки на праговите и специјално развиена стартувачка анимација на екранот од инфозабавниот систем. Возачите кои ќе му пристапуваат на својот Defender V8 Bond Edition навечер ќе добијат помош во пронаоѓањето на возилото со уникатната 007 светлечка графика. Исто така, моделот ќе добие и специјален вез „One of 300“, како и SV Bespoke лого.

„Land Rover Defender V8 Bond Edition е ексклузивен пристап кон најмоќниот продукциски Defender некогаш направен, инспириран од возилата кои се појавуваат во No Time To Die. Ова претставува спојување на два големи британски бренда и е уникатно прославување на 38-годишната асоцијација на Land Rover со Џејмс Бонд“, изјави Финбар Мекфол, бренд директорот на Land Rover.

Под хаубата и понатаму останува немодифицираниот 5,0-литарски V8 мотор кој испорачува 525 КС и 625 Nm максимален вртежен момент, кој му овозможува на моделот 90 да достигне до „стотка“ за околу пет секунди, додека максималната брзина изнесува 240 километри на час.

Покрај Land Rover Defender, во најновиот филм од Џејмс Бонд серијалот ќе се појават и два Range Rover Sport SVR, Range Rover Classic и Land Rover Series III.

Преземено од Avtoplus.mk