Ланец ресторани казнет поради прекршување на законот за детски труд

107

Американскиот ланец на ресторани, Chipotle Mexican Grill, доби казна од 1,4 милиони долари поради кршење на законите за детски труд во сојузната држава Масачусетс, пренесува The New York Times.

Во тој ланец било вообичаено вработените на возраст од 16 до 17 години, да работат повеќе од девет часа дневно и повеќе 48 часа неделно. Како што пресметале во обвинителството, Chipotle oд 2015 до 2019 година ги прекршил одредбите од законот за детски труд на 13.253 пати на 50 локации во сојузната држава.

Како што пишува NYT, овој ланец не е единствениот којшто на тој начин ги крши правата на децата во САД, но законот за детски труд се разликува во сојузните држави, поради недостаток на работна сила.

Вакви казни имаат платено и McDonald’s во Мичиген и Burger King во Масачусетс.

Chipotle се спогоди со обвинителството околу казната и како дел од спогодбата ќе треба да платат дополнителни 500.000 долари за обука на млади работници.

Фото: Pexels