Ланецот Marriott отвора два хотела во Сараево

26

marriott

До крајот на ноември Marriott ќе го отвори својот прв хотел во Сараево, Residence Inn by Marriott, додека вториот хотел Courtyard by Marriott ќе биде отворен на пролет. Како што вели генералниот менаџер Кајан Килит во интервју за Ослобоѓење, Сараево, како главен град на БиХ е избрано затоа што има многу хотели, но не постои меѓународен бренд кој ќе го стави на глобалната мапа на светски метрополи со меѓународно признати стандарди.

Во првиот хотел ќе бидат вработени 22 лица, а во вториот 60. Покрај глобалните добавувачи, Marriott ќе ангажира и локални фирми кои ќе бидат во можност да ги исполнат стандардите и барањата на ланецот хотели.