Лани бесправно биле изградени 762 објекти

46

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2017 година, на територијата на Република Македонија се регистрирани 762 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување1) (18,1 %), 122 доградби, надградби и  адаптации (16,0 %), 78 деловни објекти (10,2 %), 53 гаражи (7,0 %), 128 огради (16,8 %), 10 скалила (1,3 %), 15 тераси (2,0 %), 24 летни тераси (3,1 %), 65 настрешници (8,5 %), 34 времени објекти (4,5 %) и 95 помошни објекти (12,5 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (99,5 %) се во приватна сопственост.

1) Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација