Лани имало 75.914 активни компании во земјава

53

Бројот на активните деловни субјекти во Македонија, во 2019 година, изнесува 75.914 и во однос на 2018 година е зголемен за 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу пораснал бројот на активните деловни субјекти во секторот Уметност, забава и рекреација (24,9%, односно за 349 субјекти), Други услужни дејности (24.4%, односно за 1.170 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20,4%, односно за 38 субјекти). Во 2019 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи намалување на бројот на активни деловни субјекти за 3,5%.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2019 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30,5% и Преработувачка индустрија со 11%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0,3%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0,3%), Рударство и вадење на камен (0,3%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0,3%).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80,7% имаат деловните субјекти со од еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10%, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4,2%, потоа субјектите со 20 до 49 вработени чие учество изнесува 2,9%, со 1,8% учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0,3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Фото: Pixabay