Патничкиот промет на европските аеродроми поради пандемијата во 2020 година се намали за 70,4% и се врати на ниво како во 1995-та година, покажуваат официјалните податоци.
Аеродромите на Стариот континент минатата година регистрирале 728 милиони патници, наспроти 2,4 милијарди во 2019-та година.
“Европските аеродроми се вратија на ниво од 1995-та годна и ниту еден сектор сам по себе не може да поднес таков удар“, оцени Оливиер Јанковец, генерале директор на Меѓународниот одбор на аеродроми на Европа.
Тој ги повикал владите да обезбедат дополнителна помош поради продолжен пад на прометот во последните недели.
Најпогодени се аеродромите во Европската унија со пад од 73%. Земјите надвор од ЕУ, а се во рамки на Меѓународниот одбор релативно подобро ја поминале кризата со пад од 61,9%, а лидери се Русија и Турција.
Фото: Freepik