Лани во земјава увезени компири во вредност од над два милиони долари

55

Увозот на компири минатата година во светот надмина пет милијарди долари, а Македонија лани од странство увезла компири во висина од 2.087.000 долари.

Според податоците на World’s top exports, најголем увозник на компири во светот Белгија со 769 милиони долари или 15% од вкупниот светски увоз.

Меѓу најголемите увозници на компир лани беа и: Холандија (463 милиони долари), Шпанија (338,9 милиони долари) и Италија (244 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на компири е Грција со 111,4 милиони долари. Потоа се: Словенија (43,6 милиони долари), Хрватска (18,9 милиони долари), Бугарија (15,6 милиони долари), Србија (12,6 милиони долари), Босна и Херцеговина (10 милиони долари), Албанија (5,2 милиони долари) и Црна Гора (3,2 милиони долари).

Фото: Freepik