Ланската загуба на ФЗЦ 11 Октомври ќе се покрива од идните добивки

31

fzc-11-oktomvri-580x187

Фабриката за заварени цевки и профили 11 Октомври од Куманово донесе одлука за покривање на загуба по годишната сметка за 2015 година.

“Загубата од работењето во 2015 одина ќе се покрива од работењето на ФЗЦ 11 Октомври Куманово во наредниот период“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Собранието на акционери на компанијата, исто така, донесе одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи, годишниот извештај за работењето на компанијата и извештајот на независни ревизори.