Лашко го продаде својот удел во косовската пивара Бира Пеја

138

birra peja

Пивоварна Унион, дел од словенечката група Лашко, го продаде својот удел од 57,63% во косовската пивара Бира Пеја за 14,75 милиони евра. Купувач наводно е косовскиот бизнисмен Блерим Деволи, сопственик на компанијата Глобосос со седиште во Приштина, која веќе поседува 42% во Бира Пеја, јавуваат словенечките медиуми.

Бира Пеја е водечка пивара на Косово, а Лашко нејзината продажба ја најави уште минатата година.