Лашко и Унион станаа една компанија

42

heineken-lasko

Пивоварна Лашко и Пивоварна Унион, од 1 јули официјално станаа една компанија, Пивоварна Лашко Унион, со седиште во Љубљана. Со спојувањето нема да биде укината ниту една производна програма, пишува Дело.

Наместо акционерско друштво, компанијата стана друштво со ограничена одговорност, а основниот капитал на новата компанија е 36,5 милиони евра.

Холандски Heineken минатата година стана сопственик на 51% на Лашко група, а во текот на годинава ги купи преостанатите акции. Новиот сопственик го здружи производство и го реорганизира работењето на двете компании, што резултираше со намалување на бројот на вработени од 800 на 670.