Лашко ја продава Раденска

24

radenskaПивоварна Лашко потврди дека е започната постапка за продажба на Раденска. По продажбата на Фруктал од Ајдовшчина, група Лашко почна да бара купувач и за Раденска. Избран е советник за продажба. Тоа е УниКредит банка, со која договорот веќе е потпишан и која наскоро ќе подготви меѓународен тендер и ќе почне да бара купувач. Постапката за продажба најдоцна ќе започне на почетокот на септември, потврди претседателот на Управата на Пивоварна Лашко, Душан Зорко.

За најголемиот словенечки произведувач на минерална и изворска вода се интересира чешката компанија Кофола, потврди за Дело претседателот на управата Јанис Самарас.

“Запознаени сме со изборот на советник за Раденска и ја проучуваме можноста. Ако почне продажната постапка, најверојатно ќе и пристапиме”, вели Самарас.

Кофола е присутна на чешкиот, словачкиот, полскиот и рускиот пазар, а неодамна се проби и на пазарите во Австрија и Германија.