Late Night Shopping во Скопје Сити Мол

45

LNS-Takeover-980x750

Трговскиот центар Скопје Сити Мол и оваа година го организира настанот Late night shopping, којшто ќе се одржи на трети и четврти јули.

“Секоја година со побогата програма, големи попусти и забава за сите посетители. Ова е најголемиот настан на Скопје Сити Мол во кој сите продавници работат до полноќ, настан каде што шопингот е во друга димензија, а забавата е загарантирана“, се вели во соопштението.

Покрај уживањето во своите омилени брендови по намалени цени, посетителите ќе може да се опуштат во дводневната програма која нуди забава за буквално сите вкусови.

“Многу музика, мода, танцување со професионалци, коктели, како и најголемото модно Beachwear Show– ревија на досега невидена сценографија каде ќе може да се видат сите најнови модели на костими за капење кои се најпотребен дел од гардеробата за овој период. За музиката и забавата ќе бидат задолжени Тумбао Салса Бенд, Contry Dj, Азафран Микс, The Sound Messengers, како и бројни танцови групи“, велат организаторите на овој настан.

Ова се само дел од активностите и изненадувањата кои ќе го подигнат расположението на сите оние што сакаат да ја обноват својата гардероба со уникатни модни парчиња.