Латинскиот иако бил официјален јазик во некои европски земји, со текот на времето целосно исчезнал од јавниот говор.
Иако активно не се користи, сепак постојат некои изреки коишто и ден денес си наоѓаат свое место во секојдневието.
Овој пат одвојуваме некои изреки што може да послужат за бизнис цели:
Abusus abusu invocate – една грешка повлекува друга грешка со себе
Acta, non verba – дела, а не зборови
Acti labors iucundi – завршените работи се угодни
Actio est reactio – акцијата е една на противакцијата
Ad acta – работата е завршена
Ama et fac, quod vis – сакај и работи што сакаш
Bene docet, qui bene distinguit – добро учи оној кој прави разлика
Beneficia non obtruduntur – добрите дела не штетат
Bis dat, qui cito dat – двојно дава, оној кој брзо дава
Carum est, quod rarum est – скапо е тоа што е ретко
Clara pacta, boni amici – чиста сметка, долга љубов
Продолжува…
Фото: Pixabay