Италијанската компанија Lavazza понуди да го купи францускиот бренд за производство на кафе Carte Noire за околу 800 милиони евра, пишува Ројтерс.
Повеќе детали околу зделката не се откриваат, а според договорот Lavazza би стекнала право на сопственост на фабриката Carte Noire во Франција.
Lavazza е активна во 90 земји во светот, а во малопродажниот сегмент на италијанскиот пазар има удел од 45%. Оваа семејна компанија, основана во 1895 година, минатата година забележа промет од 1,34 милијарди евра. Со купувањето на Carte Noire, Франција би била вториот најважен пазар за Lavazza.