Лажна банкнота од 500 евра го збунила и апаратот во банка

281

Менувачниците и банките во Србија се информирани за тоа дека во оптек се појавиле лажни банкноти од 500 евра. Станува збор за копии што тешко може да се откријат под УВ ламба на апаратот за проверка на пари, пишува РТС.

“Карактеристично е тоа што овој апоен за првпат е фалсификувана со техниката на длабок печат, којашто е една од карактеристиките на оригиналните банкноти“, изјави Никола Танасијевиќ од Народната банка на Србија.

Според него, се работи за една од досега најуспешно фалсификувани банкноти од 500 евра, бидејќи дури и апаратот за проверка не може да ги детектира како лажни.

“Ова е најнови вид на фалсификат, којшто се појави пред три месеци, тоа е информација од Европската централна банка“, рекол Танасијевиќ.

Фалсификуваната банкнота го збунила апаратот за проверка поради тоа е исклучително квалитетно имитирана заштитата што не може да се види со голо око и може да ги збуни сензорите во софтверот на уредот.

Фото: Pexels