Лажни онлајн вести во печатено издание

53

Фото: Columbia journalism review

Со цел да им укажат на луѓето колку опасни можe да бидат лажните вести и да им покажат како истите да ги препознаат, Columbia journalism review и креативната агенција TBWA\Chiat\Day од Њујорк ги “рекреираа“ лажните наслови во печатено издание.

Користејќи невистини објавени на интернет тие испечатија списанија и весници коишто изгледаат сосема реално и ги поставија на уличен штанд, пишува Designboom.

Иако изгледаат како вистински материјал базиран на вистински случувања, насловите во нив се смешни и апсурдни.

Целата замисла е да се подигне јавната свест за филтрирање на секоја информација, со оглед на тоа што денес секој има пристап до интернет и може да објави што сака.

Columbia journalism review обезбедија прирачник за препознавање на лажни вести, со цел овој лош тренд на дистрибуирање на невистини да се намали и препознае навреме.