Ле Мер: Се надевам дека Маск ќе ја избере Франција за да произведува електрични возила во Европа

26

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер  изјави дека има голема надеж дека извршниот директор на Tesla, Илон Маск, ќе ја избере Франција за значајна инвестиција.

Имено, станува збор за производство на електрични возила во Европа.

Маск неодамна се сретна со претставници на француската влада и францускиот претседател Емануел Макрон додека ги истражува опциите за идните производствени локации, објави Ројтерс.

Запрашан дали инвестицијата може да биде поврзана со батерии или други делови од бизнисот на Тесла, Ле Мер изјави за телевизијата LCI дека неколку опции се на маса.

Маск знае дека би бил добредојден во Франција“, рече Ле Мер и додаде дека на Маск е да донесе одлука.