LeanPay: Старт – ап за т.н. Point of sale

62

Фото: Pixabay

South Central Ventures инвестираше во српско – словенечкиот fintech старт – ап LeanPay. Станува збор за старт – ап што на корисниците им нуди ново искуство кога станува збор за купување на кредит, пренесува Startit.rs.

LeanPay, како што се наведува, се фокусира на Point of Sale (точка на продажба) финансирање и им овозможува на корисниците полесно да купуваат производи на кредит. Овој старт – ап разви софтвер што не бара премногу информации за корисникот и овозможува со само неколку кликови да добие можност да купува на рати. Решението на LeanPay, освен што го олеснува купувањето, на продавачите им овозможува да дојдат до поголем број потенцијални корисници и на тој начин повеќе да заработат.

Од SC Ventures сметаат дека Point of sale како начин на финансирање во следните години би забележал голем раст, бидејќи продавниците и на финансиските институции ќе можат да им по понудат “кредит“ на своите клиенти кои нема да имаат потреба да одат во банка. Се верува дека причина за раст на овој вид на финансирање е тоа што кај помладата популација опаѓа интересот да користат кредитни картички при купување.

Овој српско – словенечки старт – ап во Србија го има тимот за развој, додека тимот во Словенија е задолжен за развој на бизнисот, а административното седиште е во Лондон.