Леб од скакулци – деликатес од пекара во Финска

20

fazer-leb

Фото: Cision.com

Прехранбената индустрија Fazer од Финска, во палетата на производи, воведува леб од инсекти. Лебот го носи името Fazer Sirkkaleipä, а е достапен во 11 продавници на Fazer од 24-ти овој месец, стои во официјалното соопштение.

“Сакавме да бидеме во првите редови на револуција во храната. Сакаме да го зголемиме растот во категоријата леб со рачно изработен леб. Во пекарите на Fazer лесно може да печеме и тестираме различни пекарски новитети“, вели Маркус Хелстром, директор на Fazer.

Иако во овој момент нема доволно брашно од скакулци за да може да се продава овој леб на територијата на целата земја, овој новитет ќе биде претставен на пазарот во фази.

Една векна леб содржи и до 70 домашни скакулци.

Од минатото лето, оваа компанија го развива лебот од инсекти, а во земјата од први ноември оваа година важи забраната за продажба на инсекти како храна.