Лебдечки ресторан над реката Хадсон во Њујорк

102

njujorkКомпанијата Bigfoot Developers креираше ресторан во форма на стаклена коцка, којшто е планирано да лебди над реката Хадсон во Њујорк, пишува Architectural Digest. Ресторанот ќе виси помеѓу два оџака од историската централа Гленвуд којашто генерирала електрична енергија за железницата во градот до 1963 пред да се затвори.

Целта е сега повторно да се сврти вниманието на јавноста на ова место преку прекрасниот поглед и невообичен дизајн на ресторанот. Градбата ќе ја држат во воздух два кабли од челик, а кујната ќе биде затскриена со зеленило коешто истовремено ќе придонесе за еден спој помеѓу архитектурата и природата.

Лебдечкиот ресторан ќе биде долг 13, а висок 14,6 метри, ќе располага со 11 маси на првиот кат, каде ќе можат да седат четворица. На вториот кат, до којшто ќе може да се пристапи преку стаклени скали, ќе се наоѓа кујната. На третиот кат ќе бидат сместени тоалетите и магацинот, како и две приватни маси за јадење. За да се дојде до ресторанот, во едниот оџак ќе биде изграден лифт.

restoranlebdlebdeckirest