Legacy кампања: Токсичните отпадоци се насекаде

35

reklama

Агенцијата The Butler Bros. за американската фондација Legacy направи спот по повод Денот на планетата Земја, во кој на драматичен начин е покажано колку цигарите освен за здравјето на луѓето се штетни и за природата.

Отпушоците од цигарите не само што предизвикуваат пожари ви природата, туку испуштаат хемикалии и канцерогени материи во почвата, со што го трујат дивиот свет и ги загадуваат изворите на вода. Според Legacy, отпушоците се број еден меѓу предметите што се наоѓаат по плажите, водотоците и патиштата ширум светот.

Спотот е одлична метафора за проблемот – навидум безначаен, но многу поголем отколку што може да се замисли.