Nokia е позната по создавањето на некои од најиздржливите телефони, а компанијата наскоро ќе дебитира на друг пазар.
Првиот лаптоп на Nokia ќе биде PureBook Pro, кој ќе има елегантен дизајн, процесор Intel Core i3 од 12-та генерација и прифатлива цена.
Иако овие лаптопи ќе го носат брендот на Nokia, тие ќе бидат дизајнирани од стартап компанијата OFF Global.
Првично во понуда ќе има модели од 15,6 и 17,3 инчи, но би можеле да видиме и помали Nokia PureBook лаптопи, во зависност од успехот на серијата.
#Thread
We are proud to announce the brand licensing agreement to launch @MyNokiaOfficial branded laptops! pic.twitter.com/6JtXFddFRM— Off Global (@OffGlobalFR) February 24, 2022
Кога станува збор за естетиката, се чини дека лаптопот на Nokia е инспириран од 14-инчниот MacBook Pro модел. Има заоблени рабови, алуминиумска горна обвивка во сина, црвена, бела и црна боја.
Во однос на хардверот, лаптопот ќе има процесор Intel Core i3-1220P, 8GB DDR4 RAM и 512GB M.2 SSD. Има и IPS панел од 1080p. Опциите за поврзување вклучуваат две USB-C порти, USB 3.2 порта, читач за microSD и порт од 3,5 mm.
Точниот датум на oбјава не е познат, а се посочува дека во Еворпа Nokia PureBook Pro ќе има цена од 699 евра за модел од 15 инчи и 799 евра за 17 инчи.