Легендарната Застава полни 50 години

102

Еден од најпопуларните автомобили од времето на поранешна Југославија, легендарната Застава 101 слави 50-ти роденден.

Заставата заедно со култното Фиќо го одбележаа возниот парк на голем број жители на поранешните републики на Југославија.

Првите примероци се произведени во Крагуевац во 1971-ва година, а и денес постојат примероци од овој автомобил што се во возна состојба, пишува Atomika.co.rs.

Застава 101 го задржа вниманието на купувачите, без било каква реклама цели 20 години. Кариерата си ја заврши на 21-ви ноември 2008-ма година, како втор најевтин автомобил на целиот свет.

Зад моделот на Застава 101 стои Данте Џиакоса, кој е креатор на некои од најуспешните модели на Fiat, меѓу кои се 500, 600, 1.100 и 128. Тој почнал да работи во Fiat веднаш по завршување на студиите и од првиот ден бил голем визионер.

Фото: Facebook