Легендата се враќа – Електричниот Renault 5 влегува во производство

162

Француската компанија потврди дека целосно новата и електрична верзија на Renault 5 ќе влезе во производство во текот на 2022 година

Кога Renault 5 прототипот беше претставен на почетокот од оваа година, неговата цел беше да биде модерна електричен реинтерпретација на легендарниот R5 градски автомобил. Францускиот производител вели дека новиот модел ќе прикаже како Renault е подготвен да ги направи електричните возила на широко достапни низ цела Европа, со модерен пристап на популарниот автомобил.

Сега, за време на Салонот во Минхен, Renault потврди дека R5 прототипот ќе стане продукциски модел во текот на 2022 година. Повеќе детали не се соопштени, но прикажувањето на новиот Renault 5 EВ на IAA, им овозможи на многумина да го погледнат концептот одблиску.

На Салонот, Renault 5 прототипот е изложен заедно со оригиналниот R5 во изложба која се вели дека е хронологија на животниот процес на овој модел. Славејќи 50 години од лансирањето на оригиналот, Renault прикажа и портокалов TL, црн Le Car Van, син електричен модел и TX во шампањ боја. Евидентно е дека новиот автомобил е поголем во речиси сите димензии, но исто така ја прикажува и сличноста во дизајнерскиот јазик во однос на оригиналната легендарна форма.

Новата „петка“ ќе биде дел од Renaulution стратешкиот план на француската компанија, која вклучува седум нови електрични возила кои треба да бидат лансирани до 2025. Првиот од овие, Renault Megane E-Tech ја доживеа својата премиера токму на Салонот во Минхен. Продукциската верзија на Megane E-Tech се одликува со две конфигурации на електромоторот и батеријата, со максимални 218 КС и 470 километри.

Новиот електричен Renault 5 ќе се произведува во истата фабрика како и оригиналот, а компанијата планира да произведе 400.000 електрични возила во Франција на годишно ниво. Моделот ќе биде базиран на електричната верзија на CMF-B компаниската платформа на која е поставен и Dacia Sandero. Во меѓувреме и Alpine ги потврди плановите за нова „петка“, со таргетрано време за спринт од нула до „стотка“ од 6 секунди.

Преземено од Avtoplus.mk