Lego има проблем: Не може да стигне да произведе колку што има порачки

28

lego

Познатата данска компанија за производство на детски играчки Lego би можела да се соочи со проблеми при реализирање на нарачките во Европа за претстојните божикни празници, пишува Reuters.

“Нема да бидеме во можност целосно да ги реализираме порачките до крајот на оваа година. Ова е исклучителна ситуација, ги надминува нашите и предвидувањата на нашите клиенти“, изјави Роар Трангбаек, не откривајќи за кои играчки се однесува тоа и кои европски земји ќе се соочат со можен недостиг од Lego.

Приходите на Lego се зголемија за 18% во првата половина од годината, достигнувајќи 1,88 милијарди евра.

Данската компанија во овој момент гради нова фабрика во Кина, сто километри од Шангај, којашто би требало да почне со работа во 2017 година. Lego веќе има погони во Данска, Унгарија, Чешка и Мексико.