Данската компанија за детски играчки Lego креира социјална мрежа Lego Life за деца на возраст од пет до 13 години. Децата на оваа мрежа може да изработуваат Lego фигури и да постават фотографии од своите креации, пишува Breitbart.
Lego Life им овозможува на децата да се приклучат на фан групи, да следат други профили и да учествуваат во разни предизвици, квизови, забавни игри и да одговараат на други постови преку емотикони.
За да може мрежата да функционира релативно безбедно, компанијата има вработено модератори со полно работно време. Нивна задача е да ги проверуваат фотографиите и коментарите кои се поставуваат на мрежата. Lego Life вклучува и сопствена тастатура со емотикони што ја користат децата кога разговараат за своите креации или коментираат за другите.
Социјалната мрежа е достапна преку iOS и Andorid, а засега е достапна во мал број на земји.