Lego отвори продавница во Србија

25

lego-fb

Фото: Facebook

Компанијата Bravostore, којашто е носител на лиценцата за Lego Store во Хрватска, Словенија и Србија, ја отвори првата продавница во центарот на Белград, пишува Franchising.rs.

“Прво отворивме две Lego продавници во Хрватска – во Загреб и Сплит, а потоа и во Словенија (Љубљана) и најпосле во Белград. Одлучивме тоа да биде во шопинг центар што се наоѓа во центарот на градот, бидејќи станува збор за ексклузивен центар, а сметаме дека Lego е токму таков бренд“, вели Василис Георгопулос од одделот за маркетинг на Bravostore.

Според него, се разгледуваат можности за отворање на Lego продавници и во другите градови во Србија, но главната цела е да се покријат главните градови во земјите каде што имаат ексклузивни права.

Најголема предност за ексклузивните партнери на данскиот бренд е тоа што овие продавници се многу слични со оние што се отвораат во Данска.