Lek отвори погон за иновативни лекови во Љубљана

109

lek

Словенечката фармацевтска компанија Lek, дел од швајцарската компанија Sandoz, во Менгеш до Љубљана отвори прв погон за производство на супстанции за иновативни лекови во Словенија. Во новиот погон нема да се произведуваат генерички, туку иновативни, таканаречени оригинаторни фармацевтски производи, стои во соопштението.

Инвестицијата е во вредност од 28 милиони евра. Во оваа нова област на активност, во ChemOps Mengeš се отворени нови 20 работни места. Супстанците во новиот погон ќе се произведуваат според технологијата на Novartis, со мало подобрување благодарение на знаењето на Lek.

Словенечката компанија Lek, која во мнозински дел беше во сопственост на државни фондови, во 2002 година ѝ беше продадена на швајцарската фармацевтска компанија Sandoz Novartis за 880 милиони евра.