Лекции за животот што треба да се знаат

210

drveni-lazici

Фото: Pixabay

Карл Пилемер од Универзитетот Корнел интервјуирал околу 1.500 луѓе на возраст од 70 до над 100 години за книгата “30 лекции за животот: пробани и вистински совети од најмудрите Американци” (30 Lessons for Living: Tried and True Advice from the Wisest Americans). Пилемер ги прашувал какви животни лекции, поврзани со работата и кариерата, би им предале на генерациите после нив, пишува Бизнис инсајдер. Еве какви одговори добил:

Не останувајте на работа што не ви се допаѓа. Повторно и повторно слушал како му одговараат: “Ако нешто сакам да знаат твоите читатели, тоа е… Кога ќе погледнам назад, по толку годишно искуство, неповратно изгубени околу 2.000 часови секоја година е чист идиотизам”.

Изберете кариера во област што ви лежи, а не поради финансиска корист. Една од главните грешки на луѓето при избор на професија е тоа што се фокусираат само врз потенцијалните приходи. Чувството за успешност и посветеност е поважно од високата плата.

Не престанувате да барате работа што ве прави среќни. Упорноста е клучот да најдете работа што ќе ја сакате. Не се откажувајте лесно.

Извлечете го најдоброто од лошата работа. Ако се најдете на работно место или на позиција што не ви се допаѓа, не се откажувајте. Многу експерти велат дека научиле непроценливи лекции од лошите работни места на кои биле.

Емоционалната интелигенција е најважна. Развивајте ги своите интерперсонални вештини ако сакате да успеете на работното место. Дури и на луѓето од техничките професии можат да им пропаднат кариерите ако немаат доволно добро развиена емоционална интелигенција.

Секој има потреба од автономија. Задоволството во кариерата често зависи од тоа колку самостојност имате во работата. Барајте слобода во донесувањето одлуки и движете се во насока што ве интересира, без многу контрола од раководството.

Од друга страна, еве неколку работи што анкетираните не ги советуваат:

Ниту еден не рекол дека за да бидете среќни треба да работите најнапорно што можете, за да соберете пари и да си купите што сакате.

Ниту еден не рекол дека треба да бидете богати барем колку луѓето што ве опкружуваат, а ако имате повеќе, тогаш сте навистина успешни.

Ниту еден не рекол дека треба да изберете работа врз основа на желбата да имате поголема моќ.

Старите советуваат – најдете си работа со која ќе заработувате доволно за пристоен живот без да се осудувате на работа што не ви се допаѓа.

А како ќе знаете дали сте на вистинскиот пат кон среќата или ќе се каете подоцна во животот? Едноставно, наутро кога ќе се разбудите, запрашајте се дали едвај чекате да одите на работа?