Лекција 2: Пет прашања што треба да ги поставиш на твоето следно интервју за работа

47

blog 2

Овој текст е дел од серијата лекции Како до успешна кариера 101.

Регистрирај се и во наредните 30 дена ќе добиваш по една бесплатна лекција која ќе ти помогне да изградиш успешна кариера.

Цврсто веруваме дека интервјуата за работа не смеат да бидат еднонасочен разговор. Прифаќањето на нова работа е подеднакво голем чекор за двете страни од разговорот.

Додека сите, вклучувајќи нè и нас, упорно ти помагаме да го најдеш вистинскиот интервју – одговор, смислувањето на точните прашања е подеднакво важно. Сепак, да прифатиш работа за некоја компанија е голема одлука која не сакаш да ја донесеш додека не ги имаш сите потребни и важни информации.

Од друга страна, менаџерот веќе претпоставува дека на закажаното интервју ќе дојдеш со однапред спремни прашања. Тоа не само што кажува за твојата сериозност, туку и за посветеност во избирањето на работата која најдобро ти одговара. Сепак, внимавај, постои линија која не смееш да ја преминеш, ти си оној кого интервјуираат, а не обратно. Без разлика за каква позиција аплицираш, подолу се неколку прашања кои секогаш ќе ти помогнат да ги дознаеш клучните работи.

Кој е Вашиот идеален кандидат?

blog 2 slika 2

Шансите се дека нецелосно ја разбираш позицијата за која аплицираш. Поставување на прашање од ваков тип можеби некогаш ќе те издепримира, но можеби и ќе ти помогне да се увериш дека токму оваа позиција е совршена за тебе. Ќе бидеш изненаден/а од одговорите што ќе ги добиеш, тоа што досега си работел/а на функција слична на оваа не значи дека ќе биде потполно иста со минатата.

Како изгледа еден типичен ден за позицијата за која аплицирам?

Темпото на работа е неверојатно важно! Секогаш е најбезбедно да прашаш, можеби во моментов не се чувствуваш доволно спремно да прифатиш позиција што подразбира огромна одговорност и работен ден кој се чини дека никогаш нема крај.

Што најмногу Ви се допаѓа кај работењето во оваа компанија?

Прашање кое најверојатно менаџерот нема да очекува дека ќе му го поставиш. Токму поради тоа големи се шансите да добиеш искрен и емотивен одговор кој ќе ти помогне уште повеќе да се заинтересираш за позицијата за која аплицираш.

Како би ја опишале културата на организацијата?

Startup Stock Photos

Денес, со никнувањето на стартапи предводени од амбициозни, млади луѓе, културата на работење се менува драстично. Сè повеќе компании се одлучуваат на флексибилно работно време и непочитување на класичниот дрес код. Основните начини на функционирање на една компанија ќе ти влијаат на секојдневното расположение повеќе од што мислиш. Секогаш обиди се да дознаеш што е возможно повеќе околу тоа како се очекува од тебе да се однесуваш или изгледаш.

Каде мислите дека ќе биде Вашата компанија за 5 години?

Едно од најнезгодните прашања што менаџер кој те интервјуира може да те праша. Но, колку и да е незгодно, причината зошто е толку популарно е едноставна – затоа што е неверојатно важно. Доколку се доживуваш себеси како амбициозен и вреден работник, можеби компанијата чии амбиции не се поклопуваат со твоите не е соодветното место за тебе. Од друга страна, сигнализира дека си сериозен за позицијата и не планираш наскоро да ја напуштиш.

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin