Еден од најуспешните луѓе во светот, а до неодамна и најбогат, Џеф Безос, несомнено знае како да водибизнис: има сенс и знаење за бизнис, но и социјална интелигенција, неопходни за добра комуникација со луѓето.
Според сегашната листа на милијардери, односно најбогати луѓе во светот – составена од Блумберг, моментално на врвот е Илон Маск, со околу 292 милијарди долари нето вредност, а по него е Безос, со богатство вредно 193 милијарди долари.
Важна лекција која Безос ja пренесе, а која треба да се примени е: „Луѓето кои често се во право, многу слушаат и често се предомислуваат. Тие стануваат наутро и повторно ги анализираат работите, менувајќи го својот став. Ако не го правите тоа често, многу ќе згрешите“, пренесува Inc.com.
Друго негово мото е дека „треба да се биде отворен за критика“. Тој, всушност, поддржува балансирана перспектива на критиката. Да се разбере што е критика е разликата помеѓу успехот и неуспехот.
Основачот на Амазон е исто така некој кој се држи до својата рутина секој ден.
Станувам многу рано и рано легнувам, сакам да читам весник, сакам да пијам кафе, сакам да појадувам со децата пред да одат на училиште. „Не правам ништо е многу важно за мене. Не закажувам состанок пред десет часот“, рече тој.