Лековите за дијабетес чинат и до 400 пати повеќе отколку што е потребно

19

Фармацевтските компании продаваат лекови за дијабетес по цени речиси 400 пати повисоки од нивото потребно за остварување профит.
Ова се наведува во новата студија на Лекари без граници (MSF).

Студијата, објавена во списанието на Американското медицинско здружение (JAMA) Network Open, исто така посочува дека модерните инсулински пенкала би можеле да се користат дури и во земјите со низок приход доколку фармацевтските компании „ги стават луѓето пред нивниот астрономски профит“.

Според пресметките на Лекари без граници, едно инсулинско пенкало може да се продаде со профит од само 0,94 долари, но неговите цени се движат од 1,99 до 90,69 долари.

Истражувачите ги повикуваат Ново Нордиск, производителот на лекот за дијабетес Ozempik и Ели Лили, производителот на Trulicity, да се откажат од контролата врз овие лекови и да дозволат да ги произведуваат повеќе компании ширум светот, пишува Гардијан.

– Новите лекови се апсолутна промена за луѓето кои живеат со дијабетес, но тие се чуваат подалеку од дофат на стотици милиони луѓе во земјите со низок и среден приход – вели Криста Сепух, фармацевтски координатор во Лекари без граници и еден од авторите на студијата.