Lenovo ги претстави своите нови слушалки Yoga ANC

73

Фото: Lenovo

Lenovo претстави нов производ – слушалки со Dolby драјвери и целосно елиминирање на секој звук, пишува Pocket-lint.

Според кинеската компанија за електроника, безжичните Yoga ANC слушалки се опремени со Bluetooth 5.0 и се компатибилни со Android, iOS и Windows PC.

Имаат ANC и ENC микрофони што го анулираат шумот, обезбедувајќи јасно слушање на секој тон. Се поврзуваат со USB-C и функционираат со Skype со оптимизација за услугата VoIP.

Изработени се од алуминиум, додека меките делови што се ставаат на ушите се од специјална пена за перници.

Компанијата ги претстави Yoga ANC за време на овогодишниот Mobile World Congress во Барселона. Производот треба да се појави на европскиот пазар во јуни по цена од 158 евра.