Lenovo отвори продавница без вработени во Пекинг

41

Фото: Lenovo

Lenovo е последна во низата компании што отворија свои продавници без вработени, коишто функционираат со плаќање преку мобилен телефон. Alibaba, Walmart и Amazon веќе имаат вакви продажни места каде што купувачите дигитално нарачуваат нешто од понудата.

Производителот на хардвер во новоотворената продавница нуди тетрапак сокови, тестенини и останати спакувани мини закуски, пишува The Verge.

При влез во Lenovo Lecoo Unmanned Store, купувачите мавтаат на таблет со вградена камера, којшто користи технологија за препознавање на лица, со цел да ги идентификува нивните кориснички профили. Потоа клиентите можат да разгледаат што се нуди, да одберат производ, слободно да излезат, а наплаќањето се врши автоматски преку нивната сметка на мобилен телефон.

Од Lenovo велат дека ја користат продавницата како пилот програма, чија цел е да тестира нова технологија за препознавање на лица на нивните таблети и смартфони.