
Од први до четврти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд 2015, се вели во соопштението.
Продажниот аспект на саемот, како што се наведува, е гаранцијата дека вие и вашето семејство можете лесно да се снабдите со зимница од исклучиво природни состојки. На Агрофуд 2015 меѓу многуте исложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДМ, Випро, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Суна Минерална вода Суна…
“Она што е новитет за оваа година се органските производи кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители. Од четврток, 1-ви октомври ќе можете да ги погледнете штандовите на кои ќе бидат презентирани исклучиво производи од органско потекло како оригано, медицински билки, аронија и други органски растенија и билки“, изјави проект манаџерот на Скопски Саем, Магдалена Хамбова.
На изложбено – продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.
Она што е инересно за споменување е дека Афрофуд 2015, кој всушност е настан кој во ново руво, преку поблизок и помодерен пристап, ќе ја најави есента со најдоброто од Македонија ќе има бесплатен влез.