Летачко такси ќе се појави на Олимписките игри во Париз

37

Компанијата Volocopter подготвува летачко такси со 18 пропелери. Леталото успешно ги помина сите тестови, па се очекува да се појави на Олимписките игри, кои ќе се одржат во 2024 година во Париз.

Летечкото такси го доби името VoloCity eVTOL (електрично летало со можност за вертикално полетување и слетување), а станува збор за голем дрон со простор за двајца патници.

Леталото успешно ги помина сите тестови, а првиот лет се случи на височина од околу 30 метри. Леталото минало растојание од околу 500 метри, со брзина од околу 30 километри на час, а летот траел три минути.

Експертите од Европската агенција за безбедност на воздухопловството тврдат дека Париз е најсоодветен европски град за тестирање електрични летала. Триесет компании веќе учествуваат во програмата RE.Invent Air Mobility, што го става Париз на врвот на листата кога станува збор за иднината на летачките такси.

Станува збор за пазар којшто постојано расте, па се проценува дека до 2035 година ќе достигне вкупна вредност од 300 милијарди долари. Тоа е доволна причина за влез во трката за најдобро летачко такси, а Олимписките игри се одлична можност да ја покажат функционалноста на новата генерација на такси, пишува PCPress.

Фото: YouTube Printscreen