Летечка ламба-дрон што ги следи движењата на луѓето

53
????????????????????????????????????

Јапонскиот дизајнер Кажухиро Јаманака креираше летечка ламба-дрон, комбинација на традиционално осветлување и дронови. Ламбата го следи движењето на корисникот во домот, канцеларијата и ги остветлува местата по потреба, пишува Designboom.

Таа доаѓа заедно со подлога што истовремено има функција на “терен за лансирање“ на предметот. Ламбата треба да се програмира пред користење, односно треба да го знае распоредот на простор каде што ќе лета.

За да ги следи движењата на луѓето уредот, којшто вклучува мал дрон и LED светилка, користи сензори.

Формата на ламбата-дрон може да варира, а подлогите не се потребни за нејзино “слетување“ од причина што самата “знае“ каде треба да застане.

Фото: Kazuhiro Yamanaka