Летни освежувања од Скопје Мериот хотел

25

Освежителни салати специјално доставени на велосипеди – така Скопје Мериот хотел ги изненади вработените на бројни скопски компании, актуелни и потенцијални клиенти, притоа потсетувајќи ги дека е лето и дека треба за момент да се излезе и во природа.

Овој уникатен гест ќе биде дополнет и со организирање пикник на Водно, каде на своите лојални клиенти ќе им се овозможи во природа, во зелените предели на планината со прекрасен поглед, да уживаат во вкусовите на кујната на Скопје Мериот хотел.

Невообичаениот начин на зацврстување на бизнис релациите и воспоставување нови е дел од глобалната акција на сите Мериот хотели што се случува во последната недела од јуни наречена Power Up Summer Sales Blitz. Главната цел на оваа глобална промоција се големите попусти и промоции за за организирање настани и конференции.