Туристичката организација на Србија (ТОС), по промоцијата на туристичките капацитети на земјата во летниот период наменета за домашните туристи, вниманието го насочува кон туристите кои транзитираат низ земјата, пишува Танјуг.
Промоцијата, како што се наведува, се спроведува со делење на промотивни летоци со слоганот – Добредојдовте во Србија – насмевката на гостопримството, поставување на билборди, како и воспоставување на WiFi бесплатни зони на неколку гранични премини.
За оваа година планирано е да се поделат 600.000 летоци на граничните премини, како и дополнителни 300.000 долж автопатите на 35 патарини низ Србија.
Од ТОС велат дека на патиштата во Србија е забележана зголемена фреквенција на возила, а со тоа и туристи кои поминуваат низ земјата.