Летово до хрватските острови ќе се стига со 173% поскапи билети

40

turisti-trajektПатничките билети на бродските и брзобродските линии во Хрватска од 1 јуни за жителите на островите поскапуваат за 20%, а за останатите патници од 40%, па се до дури 173%.

Поскапувањето следува откако Агенцијата за крајбрежен сообраќај годинава од државниот буџет доби значително помалку пари за субвенционирање на бродските линии, пренесуваат хрватските медиуми.

“Сметаме дека со ова поскапување се прави обид нашите острови да се претворат во резервати, а билетите да ги направат влезници во резерватите, да се види како се живее таму. Ова е уште еден начин покрај данокот на недвижнини да се натераат луѓето да го продадат своето наследство, затоа што не само што нема да можат да го одржуваат, туку нема да можат ниту да го посетуваат”, изјави претседателот на Островскиот сабор, Денис Бариќ.

Од Агенцијата за крајбрежен сообраќај велат дека поскапувањето е потребно за да се одржи системот на поморскиот сообраќај, но од друга страна, жителите на островите стравуваат дали ваквата одлука ќе влијае на претстојната туристичка сезона.