Levi’s 522 – фармерки направени од рибарски мрежи и стари теписи

95

Levis_522_jeans_made_with_Econyl.jpg.662x0_q70_crop-scaleАмериканскиот бренд за облека Levi Strauss & Co. склучи партнерство со Aquafil – италијански производител на најлон со цел да создаде машки фармерки од рециклиран отпад, Treehugger.

Еден од производите што Aquafil ги прави е синтетичкиот материјал наречен Еконил (Econyl), којшто е изработен од 100%-тен рециклиран отпаден материјал од најлон. Овие материјали вклучуваат рибарски мрежи и стари теписи. Мрежите што останале неупотребени во океанот и претставуваат своевидна закана за морскиот живот ги собираат нуркачите кои се дел од здружението Healthy Seas.

Уште една причина за оваа одлука на компанијата е грижата дека индустријата за памук нема да може да одговори за зголемената побарувачка на пазарот. Еконилот познат и како полиамид (polyamide) се прави во 15 фабрики лоцирани во Шкотска, Хрватска, Германија, Италија, Словенија, САД, Тајланд и Кина.

Еконилот сега е составен дел од фармерките Levi’s 522 коишто се достапни онлајн, а соодносот на материјалите е 61% памук, 38% полиамид (Еконил) и 1% еластин.